Свет 28. јануари 2019. / 11:03

Макрон: Матео Салвини и Луиџи ди Мајо се безначајни јас разговарам само со Конте

Макрон: Матео Салвини и Луиџи ди Мајо се безначајни јас разговарам само со Конте

Францускиот претседател, Емануел Макрон ги отфрли како без значајни неодамнешни вербални напади од двајцата потпретседатели на италијанската влада, Матео Салвини и Луиџи ди Мајо, посочувајќи дека тој само разговара со премиерот Џузепе Конте.

„Ројтерс“ пишува дека Ди Мајо, лидерот на движењето „Пет ѕвезди“, го обвини Париз за создавање сиромаштија во Африка, додека десничарскиот лидер Матео Салвини ја обвини Франција дека не прави ништо за мирот во Либија.

-Нема да одговорам, тоа е она што тие го чекаат. Затоа им посакувам среќа, уживајте, уживајте во возењето, што се однесува до мене јас разговарам со претседателот на владата, Конте- ијзави Макрон пред новинарите во Египет.