Свет 17. април 2018. / 19:54

Макрон: Македонија нема да влезе во ЕУ се додека не се реформираме

Макрон: Македонија нема да влезе во ЕУ се додека не се реформираме

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската унија не треба да прифати ниту една нова членка се додека ЕУ подлабоко не се интегрира и не ги спроведе темелните реформи.

Макрон им рекол на пратениците дека сака земјите од Западен Балкан да останат на европскиот пат, но дека сега не е време да се прими било која нова членка. Тој ќе го поддржи проширувањето само по продлабочувањето и реформите во ЕУ, пренесува АП.

-Јас не сакам Балканот да се сврти кон Турција или Русија, но исто така не сакам Европа, кој функционира со потешкотии со 28, а утре со 27 членки, да одлучи дека може да продолжи со галопирање, за утре да бидеме 30 или 32, со истите правила- изјави Макрон.

Оваа изјава на францускиот претседател следи по добивањето на чиста препорака за членство во ЕУ на Република Македонија.