Свет 06. август 2020. / 14:28

Макрон: Либан ќе страда ако не се реформира

Макрон: Либан ќе страда ако не се реформира

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, замина во официјална посета на Бејрут за да изрази поддршка на Либан по експлозијата што се случи во вторникот.

По пристигнувањето во Бејрут, Макрон порача дека Либан се соочува со политичка и економска криза и предупреди дека земјата ќе продолжи да страда доколку не спроведе реформи.

Францускиот претседател беше пречекан од неговиот либански колега, Мишел Аун.

Претходно односно веднаш по експлозијата, Макрон разговараше со либанскиот претседател и нареди испраќање француски сили за помош на Либан, земја со која Франција има длабоки историски врски.

Во експлозијата што се случи во вторникот, загинаа најмалку 135 лица, а повредени се околу 5.000.