Свет 12. ноември 2018. / 09:29

Макрон: Јас и Трамп сме аутсајдери, а не “класични политичари”

Макрон: Јас и Трамп сме аутсајдери, а не “класични политичари”

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп многу се разликуваат, но и дека на двајцата им е заедничко тоа што се аутсајдери , а не „класични политичари“.

-Веројатно поради тоа сме многу сложни во борбата против тероризмот. Знаеме каде не се сложуваме, клима, трговија, мултилатерализам, но многу добро соработуваме бидејќи имаме редовни и директни разговори, изјавил Макрон за СНН.

За твитовите на Трамп, Макрон вели дека тој многу повеќе ја сака непосредната комуникација или одговарање на прашања отколку да води дипломатија преку твитови.