Свет 11. мај 2020. / 21:30

Макрон и Џонсон се договорија да нема карантин за Французите што патуваат во Велика Британија

Макрон и Џонсон се договорија да нема карантин за Французите што патуваат во Велика Британија

Кабинетите на британскиот премиер Борис Џонсон и на францускиот претседател Емануел Макрон постигнале договор за патниците коишто ќе патуваат од Франција во Велика Британија да не се применуваат мерките за задолжителен карантин.

Макрон и Џонсон заеднички оцениле дека воведувањето такви мерки би било реципрочно и дека тоа ќе може да се случи дури по меѓусебни консултации, пренесуваат британските медиуми.

Џонсон во говор пред нацијата најави дека „наскоро ќе дојде време да воведеме карантин за луѓето што со авион доаѓаат во Велика Британија“.

Во изјава од неговиот кабинет, сепак, се забележува дека „мерките за карантин во оваа фаза нема да важат за патниците од Франција“.

Претходно, канцеларијата на францускиот претседател соопшти дека „сите мерки од двете страни ќе бидат преземени на усогласен и реципрочен начин“.