Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење го загуби мнозинството во Парламентот, откако ја напуштија седум пратеници кои формираа нова партија „Екологија, демократија, солидарност’.
По ова, партијата на Макрон остана со 288 пратеници, еден помалку отколку што е потребно за мнозинство во Долниот дом, каде што има 577 места.
Сепак, претседателот има поддршка од два политички партнера, кои заедно имаат 56 места во Парламентот.