Свет 18. октомври 2019. / 12:58

Макрон го напуштил денешниот состанок на Европскиот совет

Макрон го напуштил денешниот состанок на Европскиот совет

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го напуштил денешното продолжение на Европскиот совет, соочен со жестока критика од повеќемина колеги од други земји-членки поради тоа што не се согласува со одлука за отворање преговори со С. Македонија, сведочи за „360 Степени“ дипломат присутен на состанокот.

Темата за проширувањето била повторно отворена пред лидерите на земјите-членки, при што неколкумина премиери, според изворот на „360 Степени“, лично го критикувале Макрон за „неможност да ги согледа последиците од неиспорачувањето позитивен сигнал до земјите од Западан Балкан“. Притоа, францускиот претседател се налутил и ја напуштил пленарната сала во зградата „Европа“ во Брисел.

Извор: 360 степени