Свет 28. мај 2018. / 13:30

Макрон го награди херојот од Мали кој го спаси детето од сигурна смрт (ВИДЕО)

Макрон го награди херојот од Мали кој го спаси детето од сигурна смрт (ВИДЕО)

Мамуду Гасама, младиот илегален имигрант од Мали што викендов спаси дете коешто виси од зграда во Париз, денеска доби документи за легален престој во Франција.

Документите на 22-годишниот херој, му беа врачени лично од францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон му понуди на Гасама, доколку сака, дека ќе биде награден и со француско државјанство.

„Ти си пример, бидејќи милиони те видоа”, му рече Макрон.

Xеројот кој веќе го доби епитетот „малискиот Спајдермен“, го забележал бебето како се прекачува преку оградата на тераса од четвртиот кат и почнува да виси надолу. Гасама веднаш тргнал да се искачува по зградата и помогна бебето да се повлече на сигурно. Драмата имаше среќен крај, и детето е спасено.