Свет 08. октомври 2019. / 16:28

Макрон: Франција мора да биде будна и обединета околу исламскиот ектремизам

Макрон: Франција мора да биде будна и обединета околу исламскиот ектремизам

Францускиот претседател, Емануел Макрон, порача дека Франција мора да развие будно општество во борбата против исламистичките милитанти. Макрон присуствуваше на оддавањето почит кон жртвите од терористичкиот напад со нож во седиштето на париската полиција.

Тој појасни дека тоа е национално прашање околу кое треба да се обедини цела Франција.

– Самата административна служба и сите државни служби поединечно нема да можат сами да ја надминат исламистичката хидра – изјави Макрон во полициската канцеларија во близина на катедралата Нотрдам.

Напаѓачот, кој е со потекло од Мартиник, по преминувањето во ислам, имал контакти со лица кои најверојатно припаѓаат на исламистичкото салафистичко движење, соопштија обвинителите.