Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да се спротивстават на растечкиот авторитаризам и да ја обноват својата посветеност кон демократијата.
“Не сакам да припаѓам на една генерација на месечари кои го заборавиле сопственото минато. Сакам да припаѓам на една генерација што избра да ја брани својата демократија” порача Макрон во неговиот страствен говор во Европскиот парламент.
Тој предупреди дека постои европска граѓанска војна, каде што национализмот и егитизмот имаат предност над она што ги води Европејците заедно. Минатата година Макрон со неговата либерална партија триумфираа на изборите во Франција со неговата цврста про-европска платформа.