Претседателот на Франција Емануел Макрон смета дека преместувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим предизвика насилство и не помогна во мировниот процес.
Макрон ова го изјави по состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Ако тоа доведува до смрт на луѓе, тоа за мене не е радосна вест, рекол Макрон, пренесуваат израелските медиуми.
На заедничката конференција за новинарите со Нетанјаху, францускиот претседател најавил дека Париз ќе помогне да се реши хуманитарната криза во Газа.
Тој рекол дека Франција ја дели загриженоста на Израел поради активностите на Иран на Блискиот Исток.