Свет 31. јануари 2020. / 22:31

Макрон: Брегзит е тревога што сите Европејци треба да ја слушнат

Макрон: Брегзит е тревога што сите Европејци треба да ја слушнат

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Брегзит е историски аларм што мора да одекне во сите држави и да биде слушнат од сите во Европа.

– Кампањата за референдум што доведе до гласање на Велика Британија за напуштање на Европската унија треба да биде потсетник за тоа што лагите може да и направат на нашата демократија – нагласи Макрон во телевизиското обраќање.

Францускиот претседтел вели дека гласањето за Брегзит било можно затоа што премногу често Европа била „жртвено јагне“ за проблемите на државите членки.

– На Европејците им треба ЕУ да ги брани нивните интереси пред лицето на Кина и САД и да решава прашања како што се миграцијата, климатските промени и дигиталната економија, но на блокот му се потребни длабоки реформи за да биде посуверен и демократски – додаде Макрон.