Свет 20. ноември 2018. / 09:41

Макрон би можел да ја поддржи идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина

Макрон би можел да ја поддржи идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина

Се претпоставува дека францускиот претседател Емануел Макрон би можел да ја поддржи идејата за „корекција на границите“, која би требало да го реши спорот меѓу Белград и Приштина.

Ова го јавува француското радио РФИ, кое наведе дека идејата е да се поттикне Белград да ја признае независноста на Косово.

„По повеќегодишна релативна пасивност, изгледа дека француската дипломатија сака повторно да се замеша во балканските прашања, а особено во тешките преговори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се наведува во текстот објавен на сајтот на Радио Франс интернасионал.

Поддршката на Макрон, укажува РФИ наспроти претстојната посета на францускиот претседател во Србија, ќе биде клучна за да се убеди Германија да се откаже од спротивставувањето на каква било промена на границите на Балканот.

Според најновите претпоставки, наведува француското радио, северот на Косово со мнозинско српско население би можел да биде разменет за дел од Прешевска Долина на југот на Србија, каде што Албанците се мнозинско население – „со ризик за нов регионален конфликт“.