Свет 23. јуни 2018. / 17:36

Макрон бесен: Земјите кои нема да прифатат мигранти ќе бидат казнети

Макрон бесен: Земјите кои нема да прифатат мигранти ќе бидат казнети

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека ќе воведи финансиски санкции за оние земји на ЕУ кои ќе одбијат да прифатат мигранти со проверен азилантски статус.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон претходно се согласија дека е потребно да најдат заеднички европски одговор за мигрантската криза.

Состанокот на двајцата лидери во Берлин имал за цел усогласување на позициите на двете водечки членики за иднината на Европската унија.

Макрон нагласил дека е потребно да се пронајде еврпски одговор за миграциите, потенцирајќи дека Европа мора да има повеќе капацитет за контрола на надворешните граници.