Свет 27. октомври 2019. / 09:10

Мајкрософт склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари

Мајкрософт склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари

Пентагон склучи договор со компанијата „Мајкрософт“ за креирање инфраструктура за чување податоци. Како што објави „Вашингтон пост“, на тендерот учествувал и „Амазон“, компанија која се сметаше за главен фаворит на тендерот.

– „Мајкрософт“ доби договор вреден 10 милијарди долари на десет години, ако сите договорени работи бидат извршени – се вели во соопштението од Пентагон.

„Амазон“ реагираше поради поразот на тендерот.

– Детална проценка само врз основа на споредбени понуди би придонела исходот да биде поинаков, изјавија од компанијата.

Покрај „Амазон“ и „Мајкрософт“, на тенедерот учествуваа и „ИБМ“ и „Оракл“, компании кои отпаднаа во првичните фази. „Гугл“ го напушти тендерот во 2018 година откако свои вработени ги критикуваа ангажманите со Пентагон.

„Вашингтон пост“, весник во сопственост на Џеф Безос, првиот човек на „Амазон“, заднината на поразот во овој тендер ја гледа во постојаните критики на претседателот Доналд Трамп кон Безос. Во весникот се истакнува дека „Амазон“ речиси го добил тендерот пролетва, но Пентагон се предомисли и одлучил да ја разгледа зделката уште еднаш.