Инаугуративниот комитет на Бајден го обелодени својот список на донатори кои придонеле со над 200 американски долари за церемонијата на инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари , откривајќи значајни донатори како Гугл, Мајкрософт и Боинг, пренесува Политико.
Други позначајни донатори кои се најдоа на листата вклучуваат технолошки компании како: „Qualcomm“, „Verizon“ и „Comcast“, компанија за здравствено осигурување „Anthem, Inc.“ и други големи корпорации.
На инаугурацијата на Бајден се очекува да има само 3.000 гости пред американскиот Капитол, наспроти вообичаените 200.000 луѓе.