Свет 23. февруари 2021. / 11:19

Мајката на момчето кое умре од студ во Тексас бара oштета од 100 милиони долари

Мајката на момчето кое умре од студ во Тексас бара oштета од 100 милиони долари

Мајката на единаесетгодишното момче кое замрзна заради тоа што нивната мобилна куќа снемала струја поради снежниот бран што го погоди Тексас, ќе ја тужи државата и ќе бара 100 милиони долари оштета од две големи енергетски компании заради немарност.

Мариа Пинеда рекла дека „Electric Reliability Council of Texas (ERCOT)“ и „Entergy Corp“ се одговорни за смртта на нејзиниот син Кристијан кој бил пронајден мртов утрината на 16 февруари во нивниот дом, каде делел креветот со својот тригодишен брат.

Повеќе од 4 милиони луѓе во Тексас останаа без струја и најмалку дваесеттина луѓе умреа откако студениот бран ја погоди таа држава минатата недела.

Тужбата поднесена во саботата ја товари компанијата дека не одговориле на апелот на регулаторната агенција за енергетика која издаде посебни препораки после студениот бран во 2011 година, да се припремат за зимски услови.

Kристијан умрел од студ „бидејќи електромрежата не била приоритет и добавувачот за топлинска енергија се водел исклучиво од профит“, стои во тужбата поднесена во окружниот суд во Џеферсон.

Со години не се вложува во старата енергетска инфраструктура која откажа во студените временски услови поради преоптоварување, што ги остави милиони луѓе без струја.

Иако енергетските компании не ги искоментираа случувањата, адвокатот на Марија Пинеда, која живее во преградието на Хјустон, застапува седум фамилии кои ги изгубиле своите сакани во студениот бран.