Мајка која ја однела својата ќерка во болница, откако бебето се заразило со Ковид-19 го напуштила, соопштија италијанските лекари.
Кога минатата недела жената и бебето пристигнале во болница во Палермо, биле тестирани за коронавирус и биле позитивни. Но, додека бебето се лекувало во градската болница „Ди Кристина“, мајката побегнала и го напуштила детето.
Полицијата започнала потрага по неа, бидејќи таа не реагирала на повиците од медицинскиот персонал.
-Медицинскиот персонал се обидуваше да ја контактира мајката со денови, но не можевме да ја добиеме. Потоа повикавме полиција и рековме дека можеби имаме случај на напуштено дете, изјави докторката Марилу Фурнари, а пренесува „Сан”.
Според весникот „Ла Република“, жената прво се преправала дека е тетка на четиримесечно бебе, пред да исчезне на 12 октомври. Весникот пишува дека два дена подоцна, во болницата се појавило уште едно женско лице, со истото тврдење дека е тетка на детето. Сепак, вработените започнале да се сомневаат и контактирале со полицијата, по што другата жена побегнала.
За среќа, детето оттогаш се опоравило од Ковид-19, болест од која досега починаа 36.000 луѓе во Италија.