Свет 06. март 2021. / 17:48

Мајк Помпео би можел да биде кандидат за претседател на САД во 2024

Мајк Помпео би можел да биде кандидат за претседател на САД во 2024

Државниот секретар во администрацијата на Доналд Трамп и поранешен директор на ЦИА, Мајк Помпео би можел да биде еден од кандидатите за претседател на САД во 2024-та година.

Во разговор за „Фокс Њуз“, Помпео сугерираше дека би можел да се кандидира за претседател на државата доколку тоа не го стори Доналд Трамп.

– Секогаш сум подготвен за борба, изјави Помпео, а на прашањето дали тоа е „силно можеби“ за евентуално кандидирање за претседател во 2024-та година, Помпео порача: „Да, тоа е идеалниот опис“.

Додека беше државен секретар, Мајк Помпео се истакна по својата агресивна надворешна политика, често надминувајќи го и самиот Трамп. На пример, Помпео никогаш не ја поддржуваше идејата на Трамп за целосно повлекување на американската војска од Германија.

Доколку не се кандидира Трамп, според многумина, голем број на Републиканци би можеле токму во Помпео да го видат идеалниот кандидат за претседателската трка на изборите во 2024-та година.