Свет 20. април 2020. / 08:45

Мајк Пенс: Во САД се тестираат по 150.000 луѓе на ден, сојузните држави се виновни што тој број не е поголем

Мајк Пенс: Во САД се тестираат по 150.000 луѓе на ден, сојузните држави се виновни што тој број не е поголем

Американскиот потпретседател Мајк Пенс соопшти дека во моментов во земјата дневно се прават по 150.000 тестови на корона вирирус, но посочи дека верува дека сојузните држави, а не федералните власти, се одговорни за тоа што оваа бројка не е поголема.

Пенс во изјава за „Ен-Би-Си“ изјави дека таа бројка може преку ноќ да се зголеми за повеќе од двапати доколку сојузните држави ширум САД ги активираат сите свои расположливи лаборатории.

Потпретседателот, сепак, истакна дека бројот на тестови што секој ден се спроведуваат во САД е доволен за државите да почнат со реактивирање на своите економии, во согласност со насоките што неделава ги соопшти Белата куќа.