Свет 24. јануари 2020. / 10:21

Мафијаши илегално користеле социјална помош во Италија

Мафијаши илегално користеле социјална помош во Италија

Италијанската полиција соопшти дека на дело фатила 237 лица кои го мамеле системот за социјална заштита, меѓу кои имало и еден човек кој поседувал луксузна вила и Ферари.

Даночната полиција ја спровела акцијата во Калабриа, регион во јужниот дел на земјата со многу сиромашни жители и седиште на злогласната мафија Ндрангета.

Меѓу лицата кои илегално го користеле граѓанскиот доход воведен минатата година како мерка за борба против сиромаштијата, имало неколку лица кои биле сопственици на вили и луксузни возила, а претходно веќе биле опфатени со операции против мафијата.