Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, верува дека корона вирусот е направен како биолошко оружје против Кина, соопшти Министерство за надворешни работи на Венецуела.
– Глобалната анализа покажува дека коорнавирусот може да биде сој, што е создаден за водење биолошка војна против Кина. Сето тоа покажува дека е крајно време тоа јавно да се соопшти, да се крене узбуна за да се спречи употребата на коорна вирусот против Кина и други земји – изјави Мадуро.
Вирусот кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони жители.
Според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 2.924 лица, а 85.200 се заразени ширум светот.