Претседателот на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека е спречен обид за државен преврат во земјата.
Мадуро за обидот за државен удар обвини и двајца американски државјани.
Мадуро на националната телевизија во Каракас соопшти дека зад обидот за пуч стојат 13 платеници, меѓу кои и двајца американски државјани, кои работеле за безбедносните структури на американскиот претседател Доналд Трамп.