Свет 18. февруари 2020. / 13:52

Мадуро најави продолжување на воените вежби: Армијата ни е најсилна во историјата на државата

Мадуро најави продолжување на воените вежби: Армијата ни е најсилна во историјата на државата

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, на средба со воениот врв, соопшти дека земјата е непоколеблива во намерата годинава да продолжи со одржување воени вежби.

Изјавувам дека воената вежба „Боливиски штит -2020“ ќе продолжи. Нашата земја во моментов ја има најсилната војска во својата историја -изјави Мадуро.

Првиот циклус од воената вежба „Боливиски штит-2020“ беше оддржан на 15 и 16 февруари.