Велика Британија заедно со европските сојузници сега го признава Гуаидо за привремен уставен претседател додека не се одржат веродостојни избори.
Велика Британија, Шпанија, Франција, Германија и останатите земји членки на ЕУ денеска го признаа шефот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како вршител на должноста лидер, откако претседателот Николас Мадуро категорично го отфрли ултиматумот од европските земји да свика предвремени избори.
Велика Британија заедно со европските сојузници сега го признава Гуаидо за привремен уставен претседател додека не се одржат веродостојни избори.
-Да се надеваме дека ова ќе не приближи до крајот на хуманитарната криза, напиша на Твитер британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант, а слични пораки испратија и останатите министри на европската четворка.
Мадуро за шпанската телевизија секста вчера рече дека нема да покаже „кукавичлук пред притисок“ од оние кои бараат тој да си замине и го поддржуваат Хуан Гуаидо.
Не прифаќаме ултиматуми од никого. Тоа е како да и речам на ЕУ: им давам седум дена да ја признаат Република Каталонија или нема да преземеме акција, рече Мадуро.