Свет 13. мај 2020. / 12:31

Мадуро ги продолжи вонредните мерки во Венецуела

Мадуро ги продолжи вонредните мерки во Венецуела

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека ги продолжува вонредните мерки во земјата за уште 30 дена.

Ќе го обновам декретот за 30-дневно продолжување на вонредната состојба за да продолжам да го заштитувам нашиот народ – изјависоцијалистичкиот претседател во телевизиското обраќање до нацијата.

Мадуро наложи вонредна состојба на 13 март, која потоа ја продолжи кон средината на април.

Тој соопшти дека во Венецуела има 423 заразени и 10 смртни случаи.

Сепак, овие бројки се оспорени од неговиот опозициски ривал, Хуан Гваидо, кој смета дека бројот на заразени и на смртни случаи од вирусот е многу поголем во земјата каде што здравствениот систем слабеел во текот на годините на економска криза.

Во моментов, луѓето имаат право да ги напуштат своите домови само за медицински посети или да купуваат храна, но прекршувањата стануваат се почести, особено во Каракас и во најсиромашните области на земјата, каде што луѓето заработуваат за живот во „сивата“ економија.