Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, предупреди дека блокадата на испораката на нафта од Венецуела, која е членка на Организацијата на земјите извозници нафта (ОПЕК) би имала катастрофални последици.
Мадуро зборуваше за санкциите кои САД ги воведоа на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА.
-Целосната блокада на нашата испорака на нафта би имала катастрофални економски и социјални последици, рече Мадуро.
Тој додаде дека именувањето на новиот управен одбор на државната нафтена компанија и рафинеријата Цитго е противзаконско.
Претседателот на парламентот, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела, претходно рече дека му наложил на венецуелскиот Конгрес да почне процес со именување на нов управен одбор.