Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го обвини претседателот на каталонската Влада, Ким Тора за судирите пред регионалниот Парламент во Барселона. – Каталонската политика треба да се врати во Парламентот.
Ким Тора мора да ги исполнува своите обврски и да не ја доведува во опасност нормализацијата на политичката состојба. Насилството не е решение, изјави Санчез. Пораката доаѓа откако вчера дојде до судир меѓу полицијата и група демонстранти поддржувачи на идејата за независност на Каталонија од Шпанија.