Свет 06. декември 2018. / 12:31

Луксембург ќе стане првата држава со бесплатен превоз

Луксембург ќе стане првата држава со бесплатен превоз

Владата на Луксембург планира од следното лето да го укине плаќањето на превоз во возовите, трамваите и автобусите и со тоа да стане прва земја во светот со бесплатен превоз.

Одлуката ја донесе повторно избраната коалициска влада предводена од Хавиер Бетел, на која приоритет и е животната средина.

Освен бесплатниот превоз ширум земјата, Владата планира да го легализира канабисот и да воведе два нови државни празника.

Ова лето луксембуршките власти воведоа бесплатен јавен превоз за секое дете и сите лица помлади од 20 години, а учениците од средните училишта имаат бесплатно возење од училиште до дома.