Соиграч на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко во аматерската екипа за хокеј на мраз е заразен со корона вирус, соопшти кабинетот на Лукашенко.
Но, покрај тоа Лукашенко нема да биде во самоизолација и продолжува да работи како досега – изјави портпаролката на претседателот, Наталија Аисмонт.
И покрај пандемијата со Ковид-19, Лукашенко играше хокеј на мраз пред публика, а во Белорусија нема воведено остри карантински мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Во земјата има 6.723 заразаени луѓе со Ковид-19, од кои 55 починааа.