Свет 15. септември 2020. / 12:00

Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија, смета ЕУ

Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија, смета ЕУ

На пленарната седница на Европскиот Парламент утрово високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека за ЕУ Александар Лукашенко не е легитимен претседател.

-За ЕУ е јасно, сметаме дека изборите во Белорусија беа фалсификувани, и Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија, изјави Борел пред европратениците утрово.

ЕУ смета дека најдобро решение е да се повторат изборите во оваа земја под надзор на ОБСЕ. Унијата упати недвосмислена поддршка за демонстрантите во Белорусија, како и за граѓанското општеството.

Европската Комисија мобилизира 53 милиони евра за поддршка на жртвите на насилството на белоруските власти.