Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, предупреди дека постои сериозна закана од распаѓање на земјата.
Не би сакал утре да се урне се, што не сум го градел само јас со сопствени раце. Не би сакал некој да дојде и да почне да врши експерименти – истакна Лукашенко.
Тој нагласи дека промените во Белорусија треба да се извршат согласно Уставот, а не на улица. Во спротивно, според него, државата ќе ја избрише цела своја историја.
На 9 август во земјата ќе се одржат претседателски избори. Во текот на предизборната кампања се уапсени неколку лидери на опозицијата и кандидатот Виктор Бабарико. Властите соопштија дека апсењата не се политички мотивирани, туку станува збор за направени прекршоци за време на масовните собири.