Глобалниот гигант за луксузни производи, францускиот Луис Витон сака да ја купи американска компанија за накит Тифани, објави АФП, повикувајќи се на извори од компанијата.
Групата на францускиот милијардер Бернар Арно, кој е сопственик на брендовите Луис Витон, Диор, шампањот (Veuve Clicquot) и Моет и Чандон (Moet & Chandon) даде предлог до компанијата за накит , рече изворот, кој побарал анонимност.
Тифани сè уште не одговорила на понудата направена во време кога луксузната индустрија за стоки е загрижена за тоа како тензиите во трговијата меѓу САД и Кина ќе влијаат на побарувачката.
Американската компанија, чиј раст е стопиран од силниот долар и намалената туристичка потрошувачка, ќе побара совет од големите банки за предлогот.
На крајот на тргувањето во петокот, берзанската капитализација на Тифани беше скоро 11,90 милијарди американски долари. Нејзиниот обрт на капиталот порасна за 6,5 проценти на 4,4 милијарди американски долари минатата фискална година. Во компанијата се вработени над 14.000 луѓе.
Тифани е основана во 1837 година од Чарлс Луис Тифани и Џон Јанг. Првата продавница на компанијата се отвора во Менхетен во 1853 година на Петтата авенија и 57-та улица. Сега Кулата Трамп е близу до неа.
Доколку договорот стане реалност, тоа ќе биде најголемата аквизиција во историјата на Луи Витон Мот Хенеси, забележува АФП.