Германската авиокомпанија „Луфтханза“ објави нето загуба во првиот квартал од 2,1 милијарди евра, како резултат на намалувањето на вредноста на средствата поради пандемијата, пренесува Ројтерс.
Надзорниот одбор на компанијата во понеделникот им препорача на акционерите да прифатат пакет државна помош од 9,0 милијарди евра, што беше пак условено од Европската комисија.
Со тој пакет помош, германската влада ќе земе 20% од акциите во авиокомпанијата, а Луфтханза ќе мора да се откаже до 24 места за полетување и слетување на своите домашни аеродроми во Франкфурт и Минхен во корист на конкурентите.