Најголемата германска авиокомпанија „Дојче Луфтханза“ во петокот соопшти дека планира повторно да полетува со 160 авиони почнувајќи од јуни. Компанијата изјави дека ќе се лета до вкупно 106 дестинации.
Овој план беше објавен откако вчера, Луфтханза и германскиот Федерален фонд за економска стабилизација (ССФ) се вклучија во разговори за пакетот за стабилизација од 9 милијарди евра за да се запре влијанието на корона вирусот.
Компанијата претходно објави дека нејзините приходи паднале за 18% на 6,4 милијарди евра во првите три месеци од годината. Падот се случи во услови на корона криза, при што најголем пад на приходите е забележан во март кога бројката падна за 47% на 1,4 милијарди евра.