Германската авиокомпанија Луфтханза е подготвена да инвестира и до 200 милиони евра за спасување на италијанската авиокомпанија Алиталија, изјави извор близок до разговорите меѓу двете компании за Ројтерс.
Потврдувајќи ги информациите во два италијански дневни весници, изворот рече дека Луфтханза во вторникот им пишала на италијанското Министерство за индустрија и на италијанските железници , велејќи дека е подготвена да земе удел во Алиталија.
Италијанската влада се обидува да ја спаси авиокомпанијата што лета на националното знаме.