Свет 31. мај 2018. / 20:04

Ловците во Јапонија убиле 122 бремени китови

Ловците во Јапонија убиле 122 бремени китови

Јапонските ловци фатиле и убиле 122 женки китови, кои носеле младенчиња, пишува Би-би-си.

Станува збор за „атрактивно летно истражување“, а во извештајот испратен до Меѓународната комисија за лов на китови е наведено дека во период од 12 недели, вкупно биле уловени 333 кита, од кои 152 мажјаци и 181 женка. Истражувачкиот тим тргнал од Јапонија во ноември минатата година, а се вратил во март.

Јапонија наведува дека ловот бил организиран за истражувачки цели, иако Обединетите Нации во 2014-та година воведоа забрана за лов на китови, дури и за истражувачки цели.

Јапонија соопшти дека ловот за земјата претставува научен императив, а покрај тоа, јапонската влада соопшти и дека ловот на китови е дел од древната јапонска култура.

Месото ќе биде продадено за исхрана.