Свет 26. март 2020. / 15:54

Ломбардија регистрираше 2500 новозаразени случаи со Ковид-19

Ломбардија регистрираше 2500 новозаразени случаи со Ковид-19

Во италијанската провинција Ломбардија се пријавени нови 2500 случаи на инфекција со коронавирус.

За жал, бројките не се многу убави, бројот на заразени лица премногу  се зголеми во однос на изминатите денови. Имаме 2500 нови инфекции, рече претседателот на Ломбардија. Мораме да процениме дали станува збор за нешто вонредно или за нагорен тренд, што сигурно не би било добро за нас, Атилио Фонтана.

– Мораме да процениме дали станува збор за нешто вонредно или за нагорен тренд, што сигурно не би било добро за нас, додаде тој, изразувајќи загриженост:

Тој изрази загриженоср потенцирајќи дека не знае дали е ова нов врв на заразата.

Светската здравствена организација и нашите институции кажуваат што треба да се прави, а што не, вели тој.

Според новите податоци, во Италија починале 7503 лица, што значи повеќе жртви отколку во Кина, каде беше првото жариште на епидемијата.

Добрата вест за Италија е дека бројот на новозаразени е во опаѓање четири дена по ред, што укажува на стабилизација на кривата на епидемијата. Во таа земја сега се активни 57,5 илјади случаи на новиот коронавирус.