Европските судии донесоа пресуда дека Романија и Литванија ги прекршиле правата на двајца припадници на Ал Каеда, осомничени за тероризам, со тоа што им дозволиле на агентите на ЦИА да ги измачуваат, објави Би-Би-Си.
САД ги уапсиле Абу Зубајдах и Абд ал- Рахим ал Нашири по нападите во САД во септември 2001 година и сега се наоѓаат во затворот Гвантанамо. ЦИА управува со тајни затвори, вклучително и во Литванија и Романија.
Европскиот суд за човекови права соопшти дека двете држави ја прекршиле европската забрана за тортура. На двете држави им е наредено да платат 100.000 евра отштета на Абу Зубајдах и Абд ал-Нашири.
Тајната за постоењето на таканаречените црни сајтови за испрашување на ЦИА беше чувана многу години по 11 септември.
Се смета дека Абу Зубајдах, палестинец без државјанство, роден во Саудиска Арабија, бил главен регрутер на Ал Каеда во 1990-тите, а подоцна и станал клучен организатор, поврзувајќи го Осама Бин Ладен со другите клетки на Ал Каеда.
Абд ал-Нашири, роден во Саудиска Арабија, ги предводел операциите на Ал Каеда во регионот на Заливот, според американските разузнавачки податоци. Тој, наводно, го организирал нападот на УСС Кол во Јемен во 2000 година, кој оставил 17 мртви.