Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, свечено го отвори новиот град Самџијон, монументална градба на границата со Кина, објавија државните медиуми.
Градот се наоѓа недалеку од планината Паекту, кој според легендата се смета за лулка на корејската нација. Пјонгјанг инвестираше огромни суми во проектот за обнова на градот, што се уште не е завршен.
Самџијон е главен град на округот на границата со Кина и според севернокорејската пропаганда местото на раѓање на Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг Ун.
Покрај музеј и стадион за обука за зимски спортови, проектот вклучува нова железничка линија, 10.000 станбени единици и фабрика за обработка на боровинки и компири, најважните ресурси во тој дел на Северна Кореја.