Свет 18. август 2019. / 19:58

Лидерот на полските конзервативци отворено против ЛГБТ лицата во предизборната кампања

Лидерот на полските конзервативци отворено против ЛГБТ лицата во предизборната кампања

Полска мора да му се спротивстави на „патувачкиот театар“ на парадата на гордоста што изразува поддршка за правата на ЛГБТ луѓето, изјави лидерот на Конзервативната владејачка партија Јарослав Качински.

Владејачката полска партија за право и правда (ПИС) ги користи правата на ЛГБТ луѓето како клучна тема во изборната кампања, прикажувајќи ја како опасна идејата на Западот, која ги поткопува традиционалните католички вредности.

Таа голема офанзива, тој патувачки театар кој се провлекува во различните градови да провоцира а потоа да плаче… тоа нам ни штети, тоа мора да се демаскира и да се отфрли – рече Качински на партискиот предизборен пикник.

Тој додаде дека законот мора целосно да се примени за „регулирање на овие прашања“.

Исто така, тој рече дека е „благодарен“ на архиепископот на Полска, кој овој месец рече дека Полска е под опсада на „чумата на виножитото“.