Свет 04. септември 2019. / 14:44

Лидерката на Хонгконг го потврди повлекувањето на законот за екстрадиција

Лидерката на Хонгконг го потврди повлекувањето на законот за екстрадиција

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам денеска најави и официјално повлекување на предлог-законот за испорачување во Кина, кој предизвика големи протести во градот.

Лам ова го соопшти на средбата со пратениците од Кина, делагацијата на Хонг Конг во националниот народен конгрес и членовите на народната кинеска политичка конференција Контроверзниот нацрт-закон предвидуваше можност осомничени од Хонг Конг за судење да бидат екстрадирани во Кина.

Законот за екстрадиција, со кој ќе се опфатеа седум милиони жители на Хонг Конг, како и странски и кинески државјани во градот, многумина го сметаат за закана за владеењето на правото во поранешната британска колонија.