Свет 26. август 2019. / 10:10

Лидерите на Г7 изразија подготвеност да му помогнат на Бразил за Амазонија

Лидерите на Г7 изразија подготвеност да му помогнат на Бразил за Амазонија

Лидерите на Г-7, собрани на самитот во францускиот град Бијариц, изразија подготвеност да му помогнат на Бразил во борбата против пожарите распламтени низ Амазонија, но и да помогнат во пошумување на прашумата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека лидерите на Самиотот се блиску до договор за поддршка на Бразил, додавајќи дека договорот би опфатил и технички и финансиски механизми.

Во меѓувреме, бразилските власти мобилизираа десетици илјади војници да се приклучат во гаснење на неколкудневните пожари коишто го вознемируваат целиот свет.