Свет 28. јули 2018. / 14:38

Лидерите на ЕУ во септември ќе се состанат во Салцбург за Брегзит

Лидерите на ЕУ во септември ќе се состанат во Салцбург за Брегзит

Лидерите на Европската унија на 20 септември ќе се состанат во Салцбург каде ќе разговараат за Брегзит, соопшти кабинетот на британската премиерка Тереза Мај, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц.

,,Самитот ќе биде посветен на илегалната миграција, а во врска со тоа, премиерката потврди дека Велика Британија ќе продолжи да соработува со ЕУ и по Брегзит”, се додава во соопштението. Курц, чија земја моментно претседава со Унијата, во петокот разговараше со Тереза Мај во Салцбург и рече дека е важно двете страни да го избегнат тешкиот Брегзит.