Лицата со посебни потреби што ќе заболат од Ковид-19 во САД немаат право на ист третман како сите други.
Големиот пораст на заболени од коронавирусот во Америка доведе до листа мерки – изолација, мобилизации на резервите и за жал досега најтрашната мерка која ќе биде применета доколку здавствениот систем дојде пред колапс.
Право на лечење наводно нема да имаат лицата со посебни потреби – Даунов синдром, аутизам, деменција, церебална парализа.
Здружението на лица со посебни потреби остро ги осуди мерките што ги донесе државата кога е во прашање медицинското згрижување на заболените од коронавирус, бидејќи во упатството што државата им го испратила на медицинските работници се објаснува и како би требало да ги распределат респираторите: „Лицата со ментална ретардација, напредна деменција и со повреди на мозокот се слаби кандидати за респиратори“
Слични упатства се издадени и во Вашингтон и во Аризона, каде што медицинскиот персонал добил наредби да ги користи респираторите само за лица што имаат подобри шанси за да преживеат.
Здружението на лица со посебни потреби поднело жалба до Министерството за здравство во САД и бара уверување дека сите засегнати ќе добијат исто право на лекување. Ризикот од заболување за оваа група лица е поголем затоа што живеат во домови.
Веб-страницата Tuscon.com потсетува на трагичната смрт на Емили Валас (67), жена со Даунов синдром, која била заразена од член на медицинскиот персонал со кој живеела и која починала од Ковид-19.