Либиската крајбрежна стража во изминатите два дена во близина на брегот на Средоземното Море, пресретнала околу 400 мигранти кои се движеле кон Европа и ги довеле во главниот град Триполи, од каде се однесени во притворен центар.
Портпаролката на Меѓународната организација за миграција, Сафа Мсхели, соопшти дека мигрантите биле однесени во притворот центар Ал-Насер во градот Завија, западно од Триполи. Таа рече дека заминувањата од Либија се се почести, што е „особено загрижувачко поради намалениот капацитет за пребарување и спасување“.
Од избувнувањето на пандемијата на корона вирусот, големите поморски спасувачки организации, како Оушн Вајкинг и Си Воча, ги прекинаа спасувачките операции во Средоземното Море.