Свет 23. јануари 2020. / 14:43

Либиската армија го затвори аеродромот – секој авион што ќе се обиде да слета ќе биде соборен

Либиската армија го затвори аеродромот – секој авион што ќе се обиде да слета ќе биде соборен

Либиската национална армија (ЛНА) предводена од генералот Калифа Хафтар објави дека Меѓународниот аеродром „Митига“ во либиската престолнина Триполи е затворен за воени и цивилни авиони и се закани дека секој авион што ќе се обиде да го искористи ќе биде соборен, пренесува агенцијата „Тасс“.

Портпаролот на ЛНА, генерал Ахмед Ал-Мисмари, рече дека армијата го спроведува својот план за воведување зона на забрана за прелети од градот Гаријан во северозападниот дел на земјата до брегот на Триполи, вклучувајќи ги и аеродромите и блиската воздушна база.

Како знак на почитување на напорите на меѓународната заедница, нашите руски пријатели, арапските браќа кои напорно се обидоа да постигнат прекин на огнот, се согласивме да ги набљудуваме без да поставуваме какви било барања за возврат, освен за зачувување на нашето право да одговориме на секоја закана или повреда на прекинот на огнот од страна на терористичките групи и криминална милиција,Сепак, аеродромот ‘Митига’ се претвори во главна точка за испорака на терористи, оружје и опрема, стана база на турските трупи. Во овој поглед, најавуваме дека се воведува зона на забрана за прелети. Затоа аеродромот и воздухопловната база отсега се сметаат за затворена воена зона, а нивната употреба од воената или цивилната авијацијата е строго забранета, секој цивилен или воен авион што ќе влезе во неа, без оглед кои се неговите сопственици, ќе се смета за прекршувач на прекинот на огнот и веднаш ќе биде уништен. Ова е наше последно предупредување, додаде генералот