Свет 29. октомври 2019. / 13:28

Либанскиот премиер попушти пред протестите – ќе поднесе оставка

Либанскиот премиер попушти пред протестите – ќе поднесе оставка

Либанскиот премиер Саад ел- Харири најверојатно попладнево ќе поднесе оставка на функција, изјави висок претставник од владеачката коалиција.

Претходно друг владин извор соопшти дека премиерот размислува за оставка, пренесоа британските медиуми.

Речиси две недели траат протестите во Либан заради најавените економски реформи, а учесниците бараат оставка од владата заради се поголемиот бес во јавноста по откриените случаи на корпуција, во кои се вмешани политичари од владеачките партии.