Свет 12. октомври 2018. / 18:20

Либан: Спасени 32 мигранти на Медитеранот

Либан: Спасени 32 мигранти на Медитеранот

Мировните сили во Либан помогнаа во спасување на 32 мигранти, кои преку Медитеранот настојувале да стигнат до Кипар, соопштија денеска силите УНИФИЛ.

Меѓу спасените мигранти се и шест жени и седум деца.

Поморските сили од составот УНИФИЛ известија дека чамецот останал без гориво, и дека мигрантите биле без храна и вода четири дена.

Либанската војска соопшти дека најголем број од мигрантите се од Сирија.

Тие биле пренесени во Бејрут со либански патролни чамци.