Гласачките места се отворени во Либан за првите парламентарни избори по скоро една деценија.
Последните избори во земјата беа во 2009 година, а пратениците беа избрани за четиригодишен мандат.
Но, парламентот двапати го продолжи својот мандат поради нестабилноста во соседна Сирија и со цел реформа на изборните закони на земјата.
Либан го смени системот на гласање, го намали бројот на изборните единици и дозволи за прв пат да се гласа од странство.
Хезболах, вооружената група која се смета за терористичка организација од страна на САД и други, се обидува да ја зголеми својата парламентарна застапеност.
Гласањето за 128 места во парламентот ќе трае до 19 часот по локално време.
Официјалните резултати не се очекуваат да бидат готови сѐ до понеделник или вторник, но аналитичарите очекуваат рани детали за гласањето да има денес.
Десетици илјади либански државјани што живеат надвор од државата веќе ги дадоа своите гласови минатата недела – за првпат е дозволено гласање на иселеништвото.
Промената се сведува на употребата на новиот изборен систем.
Изборните реформи го намалуваат бројот на области и користи пропорционален систем за гласање, при што седиштата во парламентот се распределуваат помеѓу религиски односно христијански и исламски групи во парламентот.
Либан одамна има политички систем за делење на власта помеѓу различните религиозни деноминации. Бројот на места во парламентот е поделен меѓу христијаните и муслиманите, а претседателот, премиерот и спикерот на парламентот мора имаат различна верска припадност.
Актуелниот премиер Саад ал-Харири предизвика значителна политичка криза во ноември, кога ја напушти земјата и замина во Саудиска Арабија, објавувајќи ја својата оставка на телевизија изјава во која тој рече дека се плаши од обид за атентат.
Тој “ја суспендираше” својата оставка две недели подоцна, откако му се обрати на претседателот Мишел Аун, и целосно ја повлече одлуката во декември.
Европската унија соопшти дека распоредила набљудувачи на изборите на сите либански гласачки места.
Главните прашања со кои се соочува новоизбраниот парламент ја вклучуваат судбината на голем број бегалци кои влегле во земјата по избивањето на сириската граѓанска војна.